Пентагон предупреди дека Военоморските сили на САД ќе дејствуваат поагресивно во услови на експанзија, агресија и кршење на меѓународното право, особено против Пекинг, кој беше критикуван за неговите амбиции за хегемонија во Јужното Кинеско Море.
Во новиот голем извештај на шефовите на американската морнарица, на крајбрежната стража и на маринскиот корпус на САД, се предупредува дека „меѓународниот поредок заснован на правилото подложен на напад” и безбедносното опкружување драматично се променети од 2015 година.
Кина и Русија се наведуваат како „одлучувачки ривали” на САД. Ова особено се однесува на Кина која е опишана како „најнепосредна долгорочна стратешка закана”.
– Кина е единствен конкурент со економски и воен потенцијал, како долгорочен и сеопфатен предизвик за САД, се истакнува во извештајот.
Нагласено е дека азискиот гигант се обидува да го поткопа меѓународното поморско управување, да го ограничи пристапот до традиционалните логистички центри, да ја ограничи слободата на навигација, да го обесхрабри американскиот ангажман во регионалните спорови. Кина спроведува брза модернизација и проширување на нејзините вооружени сили. Военоморските сили на земјата се трипати поголеми отколку пред две децении.