Репрезентацијата на Србија ја совлада Норвешка во Осло со 0-2 и се пласираше во елитната дивизија од Лигата на нации. Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси искажа задоволство по големата победа.
„Имаше мали проблеми на почетокот на натпреварот, но подоцна дојде до израз нашата игра со многу додавања и идеите што сакаме да ги покажеме. Тоа ни донесе резултат. Србија секогаш оди на победа и сака да прикаже добар, напаѓачки фудбал, без разлика со кого ќе игра“, изјави Стојковиќ.
Тој напомена дека најмногу е импресиониран од единството на тимот.
„Направивме убави работи поради неверојатната солидарност на теренот и надвор од него. По вториот гол сите играчи се радуваа и покажаа дека се тим. Заслужена победа, целосно ги надигравме. Ако долгите топки ја победат играта со додавања („пас-игра“), тогаш јас не знам што е фудбал“, поентираше на крајот популарниот Пикси.
Извор: Makfudbal