Европскиот и светски клупски првак Реал Мадрид потклекнува во трката за шампионската титула во Ла Лига, а тоа сериозно ја загрозува позицијата на тренерот Карло Анчелоти. Шпанските медиуми открија дека претседателот Флорентино Перез имал жесток разговор со Анчелоти по ремито без голови против Бетис, а веќе има најави дека тој сигурно ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната.
Најновата вест е дека Флорентино Перез за негов наследник го сака Микел Артета, менаџерот кој го препороди Арсенал и е на водечката позиција во Премиерлигата.
„Кралевите“ во моментот имаат девет бода негатива во Ла Лига во однос на големиот ривал Барселона./Makfax/