Менаџерот на Манчестер Cити, Пеп Гвардиола, по победата над Астон Вила (3:1), изјави дека во среда неговиот тим ќе оди на победа против лидеорт Арсенал.

Манчестер Сити има три бода помалку и натпревар повеќе од Арсенал, кој на последните две средби освои само еден бод. Дуелот во среда може да реши многу нешта во шампионската трка.

„Арсенал има натпревар помалку. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши Премиер лигата. Но, ние одиме во Лондон да се обидеме да победиме. Кога еден тим има 50 поени по првиот дел од сезоната, тоа значи дека тоа е одличен тим. Ја намаливме разликата бидејќи проти Вила одгравме навистина добро“, рече Гвардиола./Makfax/

Прикажи повеќе