Двајца кардинали од папскиот двор кои често се во контакт со папата Францис се заразени со вирусот корона.
Конад Крајевски, кардиналот познат како протагонист на хуманитарните мисии во римските населби каде живеат сиромашните, прв доби позитивен тест за вирусот корона.
Во моментов е на преглед во римската болница „Џемели“.
Ватикан продолжува со потребното истражување и контрола на оние кои биле во контакт со кардиналот во последните денови.
Тој во петокот разговарал со папата, а не е познато дали бил во контакт со него последните денови.
Утрово, папата имаше две аудиенции со вработените во Вицекралството, а потоа ги поздрави со ракување и беше на многу блиско растојание, а другиот кардинал позитивен на вирусот корона всушност е преседател на заменик-претседателството, Џузепе Бертело, кој има над 70 години.