НЕДЕЛАТА која е пред нас ќе биде одбележана со подготовки за Божиќ. Повеќето луѓе ќе бидат обземени од празничната атмосфера и ќе бидат весели, расположени и возбудени, но три знаци нема да можат да влезат во божиќниот дух. Откријте кои хороскопски знаци ќе имаат најмалку среќа оваа недела.

Овен

Овните ќе бидат толку занесени во работата што ќе ги запостават другите аспекти од животот. Тоа ќе доведе до исцрпеност и незадоволство, па ќе сфатат дека сепак треба да забават. Односите со саканите ќе бидат загрозени од нивните ненадејни и избрзани реакции. Треба да внимаваат да не го расипат божиќниот дух на сите со непотребно подли коментари.

Рак

Раковите ќе се обидат да ги направат овие празници незаборавни, но ќе бидат премногу чувствителни. Ако некоја ситница тргне наопаку, ќе ги исфрли од колосек. Доколку некој од домашните им упати некаква критика или добронамерен совет, тие веднаш ќе се навредат и ќе избегнат комуникација. Мора да најдат добар начин да ги ослободат своите фрустрации за да не им ги расипат празниците на сите.

Вага

Родените во знакот Вага ќе бидат немирни и напнати. Ќе имаат големи желби и очекувања кои нема секогаш да се исполнат, а тоа ќе ги разочара. Ќе се обидат да се развеселат со големи количини на храна и алкохол, а некои ќе најдат задоволство во купувањето. Салдото на сметката ќе ги предупреди дека треба да бидат повнимателни за своите трошоци.