Францускиот тенисер Гаел Монфилс нема да игра на Австралија Опен. Причината за пропуштањето на првиот гренслем турнир годинава не е повреда на Монфис, туку лична одлука.

Advertisements

Причината е заштитениот ранкинг на АТП листата, бидејќи доколку не настапи на овој турнир ќе може да го користи во иднина. Ова се однесува на рангирањето за тенисерите кои шест месеци се надвор од турнирите, а важи за времето пред повредата.

Монфис пред повредата беше 20. на АТП листата, а сега е на 56. позиција. Тој нема играно од август, па ќе го пропушти и Австралија опен за да го надополни периодот од шест месеци и да може да игра на турнири според својот стар ранкинг.

Прикажи повеќе