Обединетите нации денеска го повикаа Иран да не користи „непотребна или прекумерна сила“ против демонстрантите кои се борат за правата на жените во земјата. „Сè повеќе сме загрижени од извештаите за зголемен број смртни случаи поврзани со протести, вклучувајќи жени и деца“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик. Тој повика на „брза, непристрасна и ефикасна истрага“ за смртта на Махса Амини, која беше убиена од моралната полиција во Иран поради наводно неправилно носење хиџаб.

Нејзината смрт предизвика протести во најмалку 46 градови и села во Иран. Државната телевизија објави дека најмалку 41 лице загинало во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Прикажи повеќе