Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во вторник го започнува атакот на 10. титула на Австралија опен. Новинарите побараа од него да ги сумира впечатоците по враќањето во Австралија, која минатата година не го пречека пријателски.

„Впечатоците се многу позитивни, многу ми е драго што бев пречекан како што ме пречекаа, пред полна Род Лејвер Арена. Без сомнение, најуспешниот терен на кој имам играно, каде ги забележав најдобрите резултати во мојата кариера во минатото. Секогаш кога излегувам на теренот, особено кога стадионот е полн, се враќаат сеќавањата за сите освоени титули и мечевите што ги играв во минатото. Од моментот кога дојдов во Австралија, во Аделаида, имам само позитивни реакции од луѓето. Бев пречекан на пријатен начин, имам голема поддршка. Сето ова ми дава дополнителна енергија и импулс за турнирот“, изјави српскиот тенисер.

Ѓоковиќ ги објасни своите чувства по враќањето во Мелбурн, каде што беше депортиран минатата година.

„Не, не се чувствувам како негативец. Сосема е специфично што ме претставија така. Тоа сега е минато, не чувствувам ништо слично годинава“, објасни тој.

Рафаел Надал моментно има една гренслем титула повеќе од Новак Ѓоковиќ, а Србинот би сакал да се израмнат по турнирот во Мелбурн./TopSport.mk