Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.
Advertisements
Бесими и раководното лице се обвинети дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, а директорот дека не постапил според здравствени прописи во време на епидемија. Тетовската болница, се гони за двете кривични дела.
Обвинението следува по 10 месеци откако започна истрагата. Истрагата ја предводеше тетовското обвинителство, а обвинението е поднесено до надлежниот суд. Во истрагата учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, а нивниот извештај од седум страници беше доставен до обвинителството во средината на јануари.