ИАКО има деца кои се само пребирливи за храна и треба одвреме-навреме да ги потсетуваат да изедат нешто за да не се разболат, во повеќето случаи нашите малечки одбиваат оброк ако се чувствуваат лошо, уморни, имаат некоја болка или едноставно не се доволно гладни за да јадат.
Нутриционистот Тејлор Арнолд е специјализиран за нарушувања во исхраната кај децата и младите и редовно објавува совети за родителите за навиките во исхраната на нивните деца на TikTok.
@dr.taylorarnold Replying to @requiringcoffees When kids are struggling with eating, it’s HARD. Especially when you’re worried about weight gain. But forcing usually has the exact opposite effect from what we’re looking for (power struggles and disliking food). #healthyrelationshipwithfood #adhdparenting #sensoryprocessingdisorder #intuitiveeating #pickyeater #fussyeater #momsoftiktok ♬ original sound – Dr. Taylor • Kid nutrition
Така, во едно видео таа решила да објасни зошто апсолутно не е добро да го присилувате детето да јаде ако тоа не сака.
„Често слушам дека родителите го принудуваат своето дете да јаде, велејќи му дека не смее да станува од масата додека не го изеде својот оброк и слично. Тоа е сосема погрешно бидејќи во повеќето случаи детето не јаде затоа што нешто го боли, се чувствува лошо или едноставно не е гладно. Детето само ќе почувствува уште поголема аверзија кон храната. Дополнително, ако го принудите детето да јаде кога не сака, тоа може да има долгорочни последици, како што е нарушување во исхраната“, предупреди Арнолд.