Стрим-платформата Нетфликс го објави датумот на објавување на продолжението на големиот филмски хит „Нож в грб“ (Knives Out).

Претстојниот втор дел има наслов „Кромид од стакло“ (Glass Onion: A Knives Out Mystery) и ќе биде објавен на 23 декември. Повторно ќе биде во режија на Рајан Џонсон и со Даниел Крејг во улога на Беноа Блан. Не се познати многу подробности, но се работи за ново злосторство, нова мистерија, а снимањето се одвива во Грција.

Филмот, како и оригиналот, има доста ѕвездена актерска екипа: Едвард Нортон, Кејт Хадсон, Џесика Хенвик, Медлин Клајн, Џенел Монае, Лесли Одом Јуниор, Кетрин Хан, Дејв Баутиста и Итан Хок.

Нетфликс плати 450 милиони долари за филмските права, со цел да направи уште две продолженија на успешниот трилер од 2019 година. Првиот дел заработи повеќе од 300 милиони долари, со вложени 40 милиони. Џонсон беше номиниран за „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.