Новите информации објавени од украинските власти се дека од напад на руско беспилотно летало врз Киев оштетена е инфраструктурата и повредени се две лица.

Advertisements

„Инфраструктурни објекти и приватни куќи беа оштетени како резултат на ноќен напад со беспилотно летало во регионот на Киев и има две повредени лица. На луѓето им е помогнато и тие се под надзор на лекар“, напиша регионалниот гувернер на Киев Олексиј Кулеба на Телеграм.

Началникот на градската воена управа на Киев, Сергиј Попко изјави дека во воздушниот простор на Киев забележани се повеќе од 20 дронови, а околу 15 уништила противвоздушната одбрана.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека утрово во напад со дрон била оштетена критичната инфраструктура.

„Како резултат на нападот на главниот град, оштетени се критични инфраструктурни објекти. Инженерите за енергетика и топлинска енергија работат на брзо стабилизирање на ситуацијата во снабдувањето со енергија и топлинска енергија“, напиша тој на Телеграм.

Прикажи повеќе