Твитер ќе ја рестартира функцијата за претплата за верификација на налог следниот петок, твитна денеска главниот извршен директор Илон Маск, откако го одложи лансирањето на таканаречената функција „сина ознака“ претходно оваа недела.

-Оваа социјална мрежа ќе користи различни бои за проверка на организации и поединци, рече Маск, пренесе Ројтерс.

„Златната ознака е за компаниите, сивата за владите, а сината за поединци, без разлика дали се познати или не. Болна мерка, но неопходна“, напиша на Твитер најбогатиот човек на светот.

Сите проверени налози  ќе бидат рачно потврдени пред да се активира проверката, додаде Маск.

Компанијата ја суспендираше својата неодамна објавена услуга за претплата „сина ознака“ од осум долари, бидејќи лажните сметки растеа како печурки, и рече дека претплатата повторно ќе биде пуштена во употреба на 29 ноември.

„Сината ознака“ претходно беше резервирана за проверени сметки на политичари, познати поединци, новинари и други јавни личности.