
Ситуацијата во Косово, по 26 часа атмосфера исполнета со тензии по одлуката на Приштина да воведе мерки поврзани со српските лични документи и пререгистрација на возила, денеска се нормализира.
Сите патни правци, како и административните премини се целосно проодни, соопшти „Танјуг“.
Претходно Приштина ја одложи одлуката за реципроцитетни мерки за 1 септември.