Светското првенство „Катар 2022“ продолжува со третото и последно коло во групната фаза. Вкупно, меѓу 32-те натпреварувачки селекции, постигнати се 90 гола, а најмногу постигна англиската репрезентација (9 гола), а потоа следат Шпанија и Франција кои постигнаа 8, односно 6 гола.

Advertisements

Исто така, на индивидуален план, во моментов Килијан Мбапе, Коди Гакпо, Маркус Рашфорд и Енер Валенсија со по три гола водат на табелата на стрелците на Светското првенство, но кој клуб има најмногу „стрелци“ на Мундијалот во Катар?

Одговорот е Манчестер Јунајтед кој веќе запиша 7 гола од своите играчи во Катар.

Поточно, стрелци од англискиот тим беа Рашфорд со 3 гола, Бруно Фернандеш со 2 и Кристијано Роналдо и Касемиро со по 1 гол. Португалецот беше дел од „црвените ѓаволи“ до почетокот на Светското првенство, подоцна го раскина договорот и е слободен играч.

Манчестер Јунајтед го следат Пари Сен Жермен (3 гола од Мбапе, 2 од Меси и 1 од Карлос Солер) и Барселона (2 гола од Феран Торес и по 1 од Кристенсен, Левандовски, Де Јонг и Гави). Фенербахче има 4 гола (3 од Енер Валенсија и 1 од Батшуаји), додека Ајакс, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, ПСВ Ајндховен и Милан имаат по 3 гола на „Катар 2022“.

Клуб со 7 гола

Манчестер Јунајтед (3 од Рашфорд, 2 од Бруно Фернандес, 1 од Кристијано и 1 од Касемиро)

Клуб со 6 гола

ПСЖ (3 од Мбапе, 2 од Меси и 1 од Карлос Солер), Барселона (2 од Феран Торес, 1 од Кристенсен, 1 од Левандовски, 1 од Де Јонг и 1 од Гави)

Клуб со 4 гола

Фенербахче (3 од Енер Валенсија и 1 од Батшуаји)

Клуб со 3 гола

Манчестер Сити (1 од Гралиш, 1 од Фоден и 1 од Гундоган), Ајакс (2 од Кудус и 1 од Класен), Атлетико Мадрид (2 од Мората и 1 од Жоао Феликс), Милан (2 од Жиру и 1 од Леао), ПСВ (3 од Гакпо), Челзи (1 од Стерлинг, 1 од Пулишиќ и 1 од Кулибали)