ИАКО сите понекогаш лажеме, некои луѓе веруваат дека секогаш треба да бидат искрени со партнерот. Тие веруваат дека довербата е основа на секоја успешна врска, па затоа секогаш се трудат да бидат отворени. Ова се хороскопските знаци кои не сакаат да го лажат партнерот и веруваат во искрена комуникација.

Рак

Луѓето родени во знакот на Рак, сите свои одлуки ги носат врз основа на чувствата. Ако веруваат дека нашле партнер кој ги сака и кој нема да им го скрши срцето, полека му се отвораат и се трудат да бидат што е можно поискрени. Кога Ракот е заљубен, тој е целосно посветен и искрен на својата сакана.

Девица

Повеќето луѓе веруваат дека Девиците се лишени од емоции. Сепак, луѓето родени во овој знак веруваат во вистинска љубов. Кога ќе најдат партнер кој го сакаат и кој им одговара, тие секогаш се трудат да ја одржат врската. Тие веруваат дека чесноста и довербата се основата на секоја квалитетна врска, па затоа настојуваат да се придржуваат до овие принципи.

Стрелец

Луѓето родени во знакот Стрелец тешко ги изразуваат своите емоции, но ги покажуваат на поинаков начин. Кога ќе се заљубат, чувствуваат дека треба да бидат целосно искрени со партнерот. Не сакаат лаги и каква било манипулација, но можеби не лажат затоа што обично забораваат што кажале, па често се фатени на дело. Во секој случај, Стрелците сакаат да бидат искрени со партнерот, дури и ако го повредат.