Земјите-членки на ЕУ веќе нема да смеат да увезуваат јаглен од Русија по преодниот период кој завршува денеска на полноќ. Ембаргото е дел од петтиот пакет санкции што ЕУ го договори во април и ќе стапи на сила од четврток, пренесуваат светските агенции.

Advertisements

Земјите на ЕУ се согласија за преоден период од 120 дена за да и дадат време на индустријата да се прилагоди на забраната за увоз. Во април, Европската комисија објави дека ембаргото за јаглен може да ја чини Русија околу 8 милијарди евра годишно.

Ембаргото за јаглен на ЕУ беше првата енергетска санкција на Русија. Во подоцнежниот пакет, Европската Унија, како што стои во написите, го забрани увозот на руска нафта за да го зголеми притисокот врз Москва. Нафтеното ембарго треба да стапи на сила на крајот на годината, со исклучоци за неколку земји кои се особено зависни од руската нафта. Тука спаѓа и Унгарија, на која ќе и биде дозволено да продолжи да испорачува нафта преку цевководи од Русија.

Рускиот оператор на нафтоводот „Транснефт“ во вторникот објави дека е запрен транспортот на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и Словачка.

Прикажи повеќе