Бројот на загинати во земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија се искачи на 56, изјави гувернерот на провинцијата Ридван Камил.

Advertisements

Тој изјави дека спасувачите се обидуваат да стигнат до областите блокирани од лизгање на земјиштето.

Локалните власти од Чианџур, град во Западна Јава, изјавија дека десетици згради, вклучително и куќи, се оштетени, а жителите се евакуирани.

– Во регионалната болница Чианџур има околу 700 повредени“, соопшти Националната агенција за вонредни состојби.

Според извештаите, забележани се неколку свлечишта околу Чианџур, оштетени се десетици згради, вклучително и исламски интернат, болница и други јавни објекти.

Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур, Западна Јава, на длабочина од 10 километри.