ДЕЈВИД ФИШВИК е милионер кој се одлучил на необичен потег со цел да ги мотивира своите деца да работат, пишува Дејли Стар. 51-годишниот Британец имал скромни почетоци, не го завршил училиштето и се вработил како градежен работник.
Почнал да заработува со основање компанија која продавала минибуси, а своето богатство го заработил по финансиската криза во 2008 година кога основал сопствена банка за да им помогне на локалните бизниси да растат, а неговата приказна била претворена во серијата на Нетфликс, Банката на Дејв.
Just been up in the clouds to clear my mind, what an incredible week it has been!#BankofDave @NetflixUKhttps://t.co/8p6QrB0fTH pic.twitter.com/ocCM4QmEm0
— Bank on Dave (@FishwickDavid) January 22, 2023
Неговото богатство се проценува на околу 500 милиони долари, но милионерот изјавил дека нема намера да им остави пари на своите деца.
Наместо тоа, тој одлучил да донира 99% од своето богатство за да ги задржи своите деца мотивирани во нивната работа, додавајќи дека не сака да ги „оптоварува“ со своето богатство.
„Важно е децата да работат напорно затоа што сум видел многу луѓе кои станале успешни и богати и ги разгалуваат своите деца, кои воопшто немаат разбирање од пари“, објасни тој и додаде: „Ќе дадам 99 % од моето богатство кога ќе умрам, било која недела или година“.
Фисвик додаде дека еднаш работел на три работни места, што развило извонредна работна етика која сака да ја пренесе на своите деца.
„Важно е да имате работна етика и мислам дека напорната работа ве става таму каде што среќата ќе ве најде. Моите деца не секогаш се согласуваат со тоа, но тие се добри деца“, сподели тој.