Џастин Бибер сподели нови семејни фотографии со своите 286 милиони следбеници на Instagram. Пејачот објави снимки од семејна посета на зоолошка градина со сопругата Хејли и нивниот двегодишен син, Џек Блус.

Џастин (32) и Хејли (29) Бибер стапија во брак на 13 септември 2018 година. Тие го добија синот Џек Блус пред две години; момчето го прослави својот втор роденден на 22 август.

Двојката оваа година соработуваше и на неколку деловни проекти. Тие лансираа модна колекција под брендот на Бибер, SKYLRK, а пејачот неодамна најави и линија на технолошки производи за истиот бренд.

Првиот производ ќе бидат жичени слушалки, кои Хејли Бибер исто така ги промовираше на социјалните мрежи. Сè уште не е познато кога ќе се најдат во продажба. Во април, тие лансираа и фластери за акни, создадени преку соработка меѓу нивните брендови. Производот е дел од понудата на брендот за убавина на Хејли, Rhode, чија вредност се проценува на една милијарда долари.

Текстот Џастин Бибер сподели нови семејни фотографии, синот Џек Блус ги украде сите погледи е превземен од МАКФАКС.