Анте Ребиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Милан, тврди „Газета дело Спорт“. Поранешниот хрватски репрезентативец оваа сезона игра во лоша форма. Ребиќ (29), пристигна на „Сан Сиро“ пред четири години од Ајнтрахт Франкфурт во трансфер вреден седум милиони евра.
Весникот „Газета дело Спорт“, пишува дека Милан е подготвен да го продаде хрватскиот играч за да направи простор за нови засилувања.
Ребиќ наводно е заинтересиран да остане во Серија А, во која покрај за Милан настапуваше и за Верона и Фиорентина, а наводно сега е во контакт со седумкратниот италијански шампион Торино, на чија клупа седи неговиот сонародник Иван Јуриќ. /Makfax/