Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја заживее неговата иницијатива за економски реформи и да постигне голема политичка победа оваа недела со почнување реформа на пензискиот систем наспроти жестокото противење на синдикатот.

Advertisements

Француската премиерка Елизабет Борн утре ќе ги изнесе деталите за плановите за најверојатно зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција на 64 или 65 години од 62.

Поминувањето на реформата низ парламентот, според француски медиуми, нема да биде лесно. На Макрон му недостига мнозинство и ќе мора да придобие неколку десетици конзервативни пратеници или да ги искористи уставните овластувања за да го заобиколи Собранието, што би ја налутило опозицијата.

Со една од најниските старосни граници за пензионирање во индустријализираните земји во светот, Франција троши повеќе од повеќето други земји на пензии, речиси 14 отсто од економското производство, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Пензиската реформа во Франција, каде правото на целосна пензија се стекнува од 62-годишна возраст, отсекогаш била чувствителна тема, особено сега со растечкото незадоволство поради зголемените трошоци за живот.

Владата наведува дека реформата е неопходна за да се обезбеди финансирање на пензиите во наредните години.

„Целта е да се постигне рамнотежа без зголемување на даноците или намалување на пензиите.