Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва ќе ја пречека Португалија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Двете репрезентации забележаа убедливи победи во првите две кола, над Луксембург и Турција. Овој и натпреварот за три дена во Португалија ќе го одреди победникот во квалификациската Група 1.
Од повиканите за овој натпревар, селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на Филип Талески, искусниот Жарко Пешевски и Марио Танкоски.
Натпреварот во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 19 часот, реваншот во Порто ќе се одигра на 12 март./Makfax