Интер Мајами со 3-1 го победи Орландо Сити во меч од Лига купот, а Лео Меси повторно беше главна ѕвезда на натпреварот. Меси го отвори резултатот во седмата минута и го затвори во 72. минута кога погоди за конечни 3-1.

Во меѓувреме Орландо најпрво преку Араухо изедначи во 17. минута, а Мартинез од пенал во 51. го врати водството на Мајами. На овој меч за Интер Мајами дебитираше и Жорди Алба кој влезе во игра во текот на вториот дел.

Со оваа победа Интер Мајами се пласираше во осминафиналето од Лига Купот каде ќе игра проти тимот на Далас.

Прикажи повеќе