Конзервативната партија ја избра Лиз Трас, поранешната министерка за надворешни работи, за нов лидер, па таа автоматски ќе стане нов шеф на владата.

Трас (47) на таа функција го наследи Борис Џонсон, кој поднесе оставка по низа скандали.

Таа особено му се заблагодари во говорот што го одржа откако беше прогласена за победник на внатрепартиските избори.

Нејзин ривал беше Риши Сунак, поранешен министер за финансии.

Прикажи повеќе