Лос Анџелес Лејкерс покажаа дека се подготвени за борба, враќајќи се од двоцифрена негатива во послената четвртина за да стигнат до 122:121 победа над Мемфис Гризлис, прекинувајќи ја нивната серија од 11 победи.
Откако цела последната четвртина се бореа за враќање во игра, Денис Шредер украде клучна топка од Дезмонд Бејн за со положување да ја осигура победата. По неколку промашувања на слободни фрлања, Лејкерси комплетираа неверојатна победа.
Леброн Џејмс заврши со 23 поени, но само 8-од-21 обиди од поле, Шрудер додаде 19 поени, а Расел Вестбрук со 29 поени даде клучна поддршка од клупа. Лејкерси имаат 21-25 скор, само еден меч зад Портланд и Финикс во борба за 11. носителско место на Западот.
Лука Дончиќ повторно беше клучниот човек на Далас маверикс, предводејќи ги до 115:90 победа над Мајами Хит, откако стигна до 20-ти дабл-дабл со најмалку 30 поени оваа сезона. Словенецот го заврши мечот со 34 поени (од кои 5 тројки), а додаде и 12 скока./Makfax/