Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да дозволи Украина да продолжи нуклерно да се наоружува.

„Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна“, рече Лавров, додавајќи дека Русија била подготвена на санкции, но не очекувала дека цел на напади ќе бидат спортистите, новинарите и претставниците на културниот сектор.

Инаку, Кремљ денеска соопшти дека руските власти се подготвени денеска да го одржат вториот круг преговори со Украина, но не е јасно дали ќе се појават украински претставници.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има контрадикторни информации во врска со разговорите.