Високо заразниот британски вид коронавирус откриен е во градот Саратога Спрингс, што е прв познат случај во сојузната американска држава Њујорк, изјави синоќа гувернерот на Њујорк; Ендру Куомо.

Тој наведе дека новиот вид на Ковид-19 е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал.

Според Њујорк тајмс лицето, чиј идентитет не е откриен, се заразил во златара во Саратога Спрингс.

Куомо истакна дека во продавницата се разболеле уште три лица, но за нив се уште не е познато дали се заразени со новиот вид на коронавирус.

Новиот вид на Ковид-19 претходно во САД е регистриран во Колорадо и во Калифорнија.