Во Бугарија потврдени се 1.739 нови случаи на коронавирус меѓу 6.190 тестирани, а во последните 24 часа 157 пациенти починале како резултат на болеста, пренесува БТА.
Од последниот пресек, оздравеле уште 2.894 пациенти, а од почетокот на пандемијата, 96.622. Во моментов во таа земја има 86.909 активни случаи.
Во моментов има 6.535 пациенти во болница, од кои 536 се на одделите за интензивна нега.
Во Бугарија, од почетокот на пандемијата се потврдени 190.027 случаи на коронавирус и 6.496 смртни случаи.
До денеска, направени се 1.096,621 ПЦР тест за коронавирус.