Во 2007 година Бритни Спирс сама си ја избричи главата пред повеќе од 70 папараци, а сега во документарецот конечно е откриено зошто.

Откако на почетокот од февруари излезе документарецот во кој се откриени нејзините проблеми со менталното здравје и шокантната вистина за односот со татко ѝ Џејми СПирс,кој ја контролирал, пејачката повторно се најде во центарот на  вниманието,

Еден од најшокантните мигови во нејзината кариера за кој не престанува интересот, секако е оној кога пред камерите сама си ја избричи главата, а причината за тоа се криеше 12 години. Имено во 2007 година Бритни ненајавено се појавила пред куќата на поранешниот сопруг Кевин Федерлај и барала да ги види синовите Шон и Џејден. Откако Кевин тоа не го дозволил таа се упатила до најблискиот салон и ја замолила фризерката Естер Тогноз да ѝ ја избричи главата, иако биле присутни над 70 папараци. Фризерката се обидела да ја премисли од идејата, но штом ѝ свртела грб, Бритни сама ја зела машинката и си ја избричила косата.

„Имаше двајца телохранители кои требаше да ја чуваат да не ја фотографираат папараците, но еден од нив постојано ги подигнуваше ролетните„- раскажува Тогноз во документарецот. Најтажен во целата приказна беше нејзиниот израз на лицето кога сфати што направила. Потоа Бритни заминала кај во студиото за тетовирање кај уметницата за тетовирање Емили Вејн- ХЈуз.
„Надвор беше ужасна галама, не знаев што се случува, дали има  некакви нереди, и тогаш видов блицови. Вратата полека се отвори и личност со качулка на главата влезе во салонот. Видов дека е Бритни и нема коса, а кога ја прашав што се случило нејзиниот одговор беше малку чуден“ – се присеќа Емили.

„Ми рече дека не сака никој повеќе да ѝ ја допира косата и дека ѝ е смачено бидејќи луѓето постојано сакаат да ја допираат по косата„ –откри Емили.

Бритни  наводно немала право да носи одлуки за својот имиџ и сето тоа го контролирал нејзиниот менаџерски тим, но во текот на шокантниот настан изгледало дека никому не му е гајле за неа.

„Имаше многу тежина, непријатност и негативна енергија во сето тоа“- додаде Вејн- Хјуз.