Кина објави дека ја забележала првата смрт од коронавирус по речиси половина година, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Смртта на 87-годишен старец од Пекинг е прва пријавена од 26 мај, со што вкупниот број на починати во Кина се искачи на 5.227.
Претходната смрт беше пријавена во Шангај, кој забележа голем пораст на случаите во текот на летото.
Додека Кина има вкупна стапка на вакцинација од повеќе од 92% кои примиле барем една доза, тој број е значително помал кај постарите лица, особено кај оние над 80 години.
Комисијата не соопштува детали за статусот на вакцинација на починатиот. Таа ранливост се смета за една од причините зошто Кина во голема мера ги држеше своите граници затворени и се држи до својата тешка политика за коронавирус.
Во главниот град Пекинг, на жителите им беше кажано да не патуваат меѓу градските области, а многу ресторани, продавници, трговски центри, деловни згради и станбени блокови беа затворени или изолирани.
Кина денеска пријави 24.215 нови случаи, од кои огромното мнозинство се асимптоматски, пренесе Индекс.хр.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.