Дваесет и двегодишен кавадарчанец изутринава изгубил контрола над возилото што го управувал со кавадаречки регистарски ознаки и удрил во бетонска бандера, во кавадаречко Глишиќ, при што се здобил со лесни телесни повреди.
Оваа информација денеска за МИА ја потврди, портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.