Челниците на бразилскиот фудбал интензивно го бараат наследникот на Тите, а се споменуваат многу имиња. Пеп Гвардиола, Зинедин Зидан и Карло Анчелоти беа меѓу кандидатите, но се чини дека Жозе Мурињо избива во преден план, иако во моментот сѐ уште е тренер на Рома.

Advertisements

Карлос Алберто, порнешниот играч на Порто, потврди дека добил понуда од Жозе Мурињо да му биде асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Бразил.

„Нема да кријам, ќе кажам директно. Жозе Мурињо многу веројатно ќе биде новиот селектор на Бразил, а јас добив понуда да бидам дел од неговиот стручен штаб“, изјави Карлос Алберто за бразилските медиуми.

Прикажи повеќе