Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја освои третата титула во професионалната кариера, со триумф на ИТФ-фјучрсот во Мадрид, Шпанија.

Advertisements

Ивановски во мечот за титула беше доминантен и со 2-0 во сетови (6-4, 6-2) успеа да слави над британецот Марк Вајтхаус. Ривалот иако беше подоброрангиран од него, сепак, Ивановски одигра одличен натпревар и заврши како најдобар.

Македонскиот ас претходно ги освои титулите во грчки Хераклион и туниски Монастир.

Прикажи повеќе