Корпулентниот напаѓач Калид Абдул Басит во пролетниот дел од сезоната повторно ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Интернационалецот од Гана остави одличен впечаток во сезоната 2020/21 кога постигна осум гола за една полусезона во тимот на ѓорчепетровци.

Advertisements

Потоа Калид Абдул Басит замина во Есперанс од Тунис, а потоа кариерата го водеше и во Шериф Тираспол и Ал-Тадамон од Кувајт. Сега повторно ќе биде дел од „лавовите“ од Ѓорче Петров./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе