Австриските скијачки ги искористија променливите временски услови во норвешкиот ски-центар Квитфјел за да стигнат до трите први места на супер-џи трката.

Италијанската фаворитка Софија Гоџа беше прва со стартен број 16. по одлична трка на тешки временски услови со ветер и снег, и беше на чекор до победата. Австријките со доцни стартни броеви успеаја да направат изненадување. Нина Ортлиб, како 31. на стартот постави време од 1:29.25 за победа со 0.12 секунди пред Штефани Фениер и 0.38 пред Франциска Грич, оставајќи ја Гоџа на четвртото место.

Овој резултат значи дека ќе продолжи тесната трка за кристалниот глобус во супер-џи . Елена Кутрони, која беше само 12., останува лидер со 332 поени, пред Лара Гут-Бехрами (313), Корнелија Хитер (307) и Рагнхилд Мовинкел (298). Американката Микаела Шифрин веќе ја освои титулата во генерален пласман./Makfax/

Прикажи повеќе