Манчестер Сити го победи Тотенхем со 4-2 со голем пресврт, но тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не само што не ги пофали своите играчи, туку порача дека доколку тимот продолжи да игра на ист начин, тие нема да можат да се бори за титулата со Арсенал.
Шпанскиот стратег ги критикуваше и навивачите кои го исвиркаа тимот во финишот на првото полувреме.
„Ни недостасуваа храброст, страст, енергија, желба за победа од првата минута. Истото и со навивачите кои молчеа во првите 45 минути. Сакам да ни се вратат поддржувачите што ги познавам. Не гостите, туку оние одовде, на нашиот стадион“, изјави разочарано Гвардиола.
Тој вели дека со ваква игра Сити нема што да бара против Арсенал.
„Ние се натпреваруваме со ривал во личноста на Арсенал, кој има голема супериорност. Тие ја немаат освоено титулата две децении. Не можам да го препознам мојот тим. Искрено, имавме среќа. На паузата не очекував дека ќе успееме да направиме пресврт. Сакам да го видам гладот за победи од претходните сезони. Сакам да го победиме Арсенал, но ако играме на ист начин ќе нѐ уништат“, предупреди стратегот на Манчестер Сити./makfudbal.mk/