Манчестер Cити во четвртфиналето на ФА-купот го демолира Барнли со 6-0, а повторно одличен настап имаше норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд, кој постигна хет-трик.
Тренерот Пеп Гвардиола повторно реши да го замени Халанд во 63. минута, а истото го направи и во Лига на шампиони (ЛШ), кога норвежанецот постигна дури пет гола против Лајпциг.
„Халанд постигна осум гола во четири дена, тоа е неверојатно. Јас во Барселона играв 11 години и постигнав 11 гола. Го извадив од игра по трите гола за да не го урнеме рекордот на Меси во купот“, се пошегува Гвардиола со критичарите.
Гвардиола доби големи критики по мечот против Лајпциг, зашто не му дозволи на Халанд да остане на теренот и да постигне уште некој гол.