Познатата руска манекенка Ирина Шајк неодамна повторно ги воодушеви обожавателите со фотографии и видеа на кои позира скоро целосно гола.
На серијата фотографии што ја објави на својот инстаграм-профил, Шајк имаше и такви на кои ги покрива градите само со рацете.
На другите фотографии, 35-годишната манекенка заводливо гледа во камерата, исто како и на видеото што го сподели со своите скоро 15 милиони следбеници. Убавицата од Русија повеќе од една деценија владее на светската модна сцена, а се чини како воопшто да не старее…
Шајк, која ја дели својата ќерка Лиа со актерот Бредли Купер, честопати остава малку на фантазијата на обожавателите со фотографиите на „Инстаграм“, а секоја објава воодушевува најмалку неколку стотици илјади луѓе.