Оваа пандемиска година ја испраќаме сосема поразлично од претходните години. Во интимна атмосфера со нашите најблиски во нашите домови.
Повеќето познати личности на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии од своите украсени домови за да го доловат празничниот амбиент, потврдувајќи го фактот дека целата ситуација со коронавирус и сите рестриктивни мерки не можат да влијаат на празничната еуфорија.
По стапките на нејзините колеги од јавната сфера и водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска на својот профил на Инстаграм со своите обожаватели и пријатели сподели што си посакува за следната година.
Таа сподели празнична фотографија на која позираше покрај својот партнер, споделувајќи ги нивните желби за претстојната година.
„Подготвени сме за новата година, посакуваме здравје и љубов за сите. Јас посакувам меѓу другото да успеам да ги забавувам гледачите во Брза кујна, да бидат сите насмеани, а Томи и понатаму успешно да им помага на пациентите и да спасува човечки животи.Сакајте се и бидете заедно во домот, прославете со најблиските, да помине оваа состојба па сите безгрижно да излеземе заедно на улиците“, напиша Сања.