Бриџис делува расположено и полно со оптимизам. Своите бројни обожаватели редовно ги известува за својата здравствена состојба, па така овој пат одлучи да ги извести и за промената на својата долгогодишна препознатлива фризура. Актерот Џеф Бриџис (71) минатиот месец објави дека боледува од лимфом, еден вид на рак и дека веќе започнал со лекувањето, со што загрижи многубројни фанови. Оскаровецот во неколку наврати се огласи и од болницата, со пораки за благодарност и по некоја ретка фотографија, со цел да им ја претстави својата состојба на фановите.
Во последното јавување се пофали и со неколку новости. Тој ја избричил главата и досега препознатливата долга коса, набавил милениче, а во меѓувреме го прослави и 71-от роденден. И покрај тешката дијагноза, Бриџис делува расположено и полно со оптимизам. „Ви благодарам на сите што ми се јавувате, што ми испраќате пораки и поддршка. Убаво е да се добијат сите тие силни желби и љубов. Ќе ве известувам и понатака за својата состојба“, напиша актерот неодамна на својот Твитер профил. Холивудската кариера на актерскиот великан се протега низ шест децении, а тој глумел во повеќе од 70 долгометражни филмови. Пред десет години тој доби Оскар за најдобар главен актер во филмот „Crazy Heart“, а минатата година доби и награда за животно дело.