Иако оваа година поради пандемијата на коронавирус, сè е поразлично вклучувајќи ја и прославата на празниците, сепак многу луѓе не дозволија целата ситуација да влијае на нивната празнична еуфорија.
Ова несомнено е еден од најубавите периоди во годината, светкавите сијалички и украси го красат сечиј дом, а многумина и од познатите личности веќе ги покажаа своите елки и украсени домови.
Нашата пејачка Каролина Гочева иако приватниот живот вешто го чува далеку од очите на јавноста, сепак, понекогаш знае да ги изненади своите обожаватели со по некоја објава на социјалните мрежи.
Овојпат, Гочева на своите обожаватели и пријатели кои ја следат на социјалната мрежа „Инстаграм“ им ја покажа својата божиќна елка удобно сместена во некое ќоше во нејзиниот дом надополнувајќи ја совршената празнична атмосфера.
Елката е толку убаво украсена со разновидни лампиони и светки што останува прашањето дали Каролина ја искористила својата креативност за китење на истата или ѝ помогнал некој?