Познатата дизајнерка Коко Шанел изјави во една прилика дека жената која ја крати својата коса сака промена во животот. Изгледа дека тоа е точно кога станува збор за „најтажната принцеза во светот“.

Кралското семејство од Монако е соочено со еден од најголемите скандали кои ја обележаа изминатава година, а сето тоа се одвива пред очите на јавноста.

Фото: ERIC GAILLARD / EPA;

Принцезата Шарлин, која е омажена за принцот Алберт, лидерот на Монако, пред неколку недели ја покажа својата шокантна, нова фризура, на која никој не остана рамнодушен. Таа избричи еден дел од својата глава, а многумина веруваат дека причината за тоа е неодамнешната тужба за татковство поднесена на адресата на 62-годишниот принц Алберт.

Фото: ERIC GAILLARD / EPA;

Имено, една жена од Бразил тврди дека тој е таткото на нејзината 15-годишна ќерка. Девојчето е родено во 2005 година, откако принцот Алберт започнал да се забавува со Шарлин (42).

Принцот веќе има две вонбрачни деца кои се родени пред тој да ја запознае својата идна сопруга, протестант која поради бракот морала да прејде во римокатоличката вера.

Фото: Профимедиа

Сепак, последната тужба сигурно ја погодила принцезата, чија кралска романса е далеку од бајка, пишува сајтот „Ecr.co.za“. Неколку дена пред нивната венчавка во јули во 2011 година започнаа да кружат гласини дека Шарлин се обидела да побегне од Монако и тоа не еднаш, туку трипати.

Кога таа се обидела да избега, медиумите пишуваа дека таа се предомислува околу венчавката и дека причината за тоа е неверство и дека Алберт станал татко и на трето вонбрачно дете.

Фото: VALERY HACHE / EPA;

Откако конечно се омажи за Алберт и во солзи ја помина целата церемонија, таа наводно се згрозила и кога принцот Алберт тргнал да ја бакне.

Сепак, Шарлин негира дека нејзиниот брак е во проблеми. Принцезата во понеделникот на Инстаграм сподели семејни фотографии, на кои се таа и Алберт насмеани заедно со своите близнаци Габриела и Жак.