Европската комисија денеска предложи план за конфискација на руските средства што се замрзнати по неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина и формирање суд за руските воени злосторства. „Блокиравме 300 милијарди евра од резервите на руската централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра на руските олигарси“, наведува во соопштението претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ и нејзините партнери би можеле да управуваат со средствата и да ги инвестираат на краток рок, при што приходите ќе одат во Украина со цел да се надоместат штетите предизвикани од руската инвазија.