Пензионираниот четирикратен Ф1 шампион, Себастијан Фетел побара возачите да се побунат против новите правила на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) со кои тие ќе мораат да добијат одобрување за да зборуваат за политички теми.

ФИА оваа сезона во обид да се држи политиката надвор од спортот, направи низа ограничувања за говори со политичка или религиозна содржина, а Фетел, кој во вториот дел од кариерата стана активист за екологијата, ЛГБТ правата и расната еднаквост вели дека возачите мора а се активираат.

„Тоа се вистински глупости. Да бев во Формула 1 ќе имаше проблеми. Секогаш е важно кое е прашањето и темата, но мислам дека возачите сега треба да го кренат својот глас. Јас не сум вклучен во спортот повеќе, така што можам слободно да зборувам, но им посакувам на поранешните колеги храброст да застанат зад своите мислења и јасно да ги искажат“, вели Фетел во интервју за „Ауто билд“.

Ф1 сезоната почнува со зимското тестирање на 23 февруари, пред Бахреин ГП трката на 5 март

Прикажи повеќе