САД и Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје, изјави денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган по состанокот со шефовите на разузнувачките служби на двете земји во Анкара.

Advertisements

„Според информациите кои ги добив од мојот директор на разузнувачката служба за САД и Русија, ниту една од нив нема да се обиде да употреби нуклеарно оружје“, рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Шефот на ЦИА, Вилијам Бернс и неговиот руски колега, Сергеј Наришкин се состанаа на почеток на неделата во Анкара, потврдија претходно од кабинетот на Ердоган.

Бернс во таа прилика, според извештај на Белата куќа, го предупредл Наришкин на последиците од посегнување по нуклеарниот арсенал што Русија се закани дека ќе го употреби во Украина. Во соопштението се нагласи дека „не станувало збор за преговори“, ниту за „разговори за решавање на војната во Украина“.

Прикажи повеќе