Шкендија и Торпедо Кутаиси го договорија трансферот на Дашмир Елези. Елези како големa надеж на 16 години го облече дресот на поранешниот македонски шампион, но Шкендија не можеше долго време да одолева на понудите и го испрати својот бисер во странство.

Како што информираат од Шкендија, клубот позитивно одговорил на желбата на играчот и неговото семејство да се преселат во странство и донесе одлука са се прифати понудата која што пристигна од еден од најдобрите тимови во Грузија.

„Шкендија изразува максимална благодарност за целиот придонес на Елези во црвено-црниот дрес, посакувајќи му многу успех во неговиот професионален пат во меѓународниот фудбал“, велат од Шкендија.

Со само 16 години и еден ден, пред две сезони Елези се впиша во историјата на ПМФЛ како еден од најмладите стрелци. Оттогаш го привлече вниманието на себе и добиваше завидна минутажа во тетовските „црвено-црни“, но со својот талент привлече и „странски очи“.

Прикажи повеќе