Во Брисел денеска и утре се состануваат министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера во Брисел најави дека очекува прашањето за снабдување на Укриана со борбени авиони да биде разгледано на овој состанок.
Столтенберг, исто така, нагласи дека земјите од НАТО кои ќе ѝ испорачаат борбени авиони на Украина нема да го направат НАТО дел од конфликтот.
Русија, според Украина, планира нова голема офанзива, и затоа Киев бара борбени авиони и ракети со долг дострел за да се спротивстави на офанзивата и да ја врати изгубената територија.