Младината на ДУИ Чаир изрази загриженост, сигнализирајќи дека во општината се случува урбанистички хаосво последните години.
Оваа општина, денес, се претвора во џунгла од бетон, каде што без дозвола се градат објекти на секој агол, без никаков план, без никакви стандарди и без одговорност од страна на локалните власти, се наведува.
„Ова е злосторство против општината и против граѓаните, кои секој ден се соочуваат со оштетени улици, парализиран сообраќај и недостиг на јавни простори. Чаир се руши од градби без критериуми, додека властите во општината профитираат. Улиците се распаѓаат, инфраструктурата е во колапс, а граѓаните имаат се помалку простори за живот со достојност. Никој веќе не знае кој дава дозволи, кој гради и кој добива од овој организиран хаос. Но, едно е јасно: граѓаните се жртви, додека власта и нејзините корисници се добитници“, велат од младината од ДУИ.
Прашаа кој е одговорен за издавањето на дозволите за градба што го претвораат Чаир во зона од неуредено бетонско постројство. Бараат и транспарентност за секоја дозвола за градба издадена во последните години, како и итно прекинување на сите незаконски градби.